Проект RISE

Програмата за родителство има за цел да им помогне на родителите да научат нови вештини за:

– справување со чувствата и однесувањето на детето

– воспоставување на правила во домот

– подобрување на односот родител-дете

– разрешување конфликти

– учење на ефикасни начини за одржување дисциплина преку позитивни родителски практики

– стекнување поголема самодоверба како родител

Програмата е наменета за родители или старатели на деца од 2-9 години и се одржува во групни работилници.

Учеството во програмата е БЕСПЛАТНО! Програмата за родителство е поддржана од Европска Унија и експерти од Светска здравствена организација, УНИЦЕФ и универзитетите Оксфорд, Бангор, Кејптаун, Рединг и Стеленбош. Во Македонија е предводена од Проф. Д-р Марија Ралева и Институт за брак, семејство и системска пракса – Алтернатива. 

1 comment
Leave a Reply