Психотерапија во домашни услови

Психотерапијата во домашни услови подразбира спроведување на психотерапевтска сеанса во услови на домашно опкружување. Таа  се планира во ситуации кога клиентот или важните членови на неговиот семеен систем  не се во состојба да присуствуваат на психотерапевтските средби поради физичка спреченост или недоволна мотивираност. Исто така,  почитувајќи ја важноста на контекстот на живеење, психотерапевтот и клиентот можат да договорат една од средбите да се одвива во домашна средина.