Школа за семејна и системска психотерапија

Општи информации 

Програмата за едукација од семејна и системска психотерапија се реализира во согласност со стандардите на ЕАП (Европска асоцијација за психотерапија) и ЕФТА-ТИЦ ( Комора на Тренинг Институти при Европска асоцијација за семејна терапија) и во иднина создава можност за добивање на национален и ЕАП сертификат.

Оптимален број едуканти во секоја група изнесува 12-16 члена.

Со цел да се воспостави континуиран едукативен процес групите се од затворен тип.

Кој може да се едуцира?

Во едукацијата можат да се вклучат лица со универзитетска диплома од:

  • Медицинскиот факултет: психијатри, доктори на специјализација по психијатрија и др. специјалности, доктори на медицина, стоматолози, мед. сестри и др. здравствени работници со ВСС (колеџ диплома) и др;
  • Филозофскиот факултет: – дипломирани психолози; специјализанти и специјалисти по психологија; дипломирани социјални работници; специјализанти или специјалисти по социјална работа во здравство; социолози; дипломирани педагози; дипломирани дефектолози; наставници и др.
  • Факултетот за политички науки: новинари, политиколози (прва година од едукацијата)
  • Правен факултет (прва година од едукацијата)
  • Факултет за верски науки и др. хумани студии (прва година од едукацијата)

Зошто да се едуцирате?

Постојат бројни и значајни причини поради кои вреди да се едуцирате во областа на семејна и системска психотерапија:

  • Го проширувате репертоарот на професионални знаења и вештини
  • Го збогатувате професионалното и личното искуство
  • Го зголемувате степенот на персонална, семејна и стручна компетентност
  • Низ работа на себе стекнувате нови сознанија за себе и сопственото семејство
  • Стекнувате искуства за тимска и групна работа
  • Стекнувате знаења, вештини и искуства за советодавна и психотерапевтска работа

Колку трае едукацијата?

Едукацијата од семејна и системска психотерапија во Скопје трае 4 години, со вкупно 1.500 едукативничаса, следејќи ги критериумите на ЕАП (Европската Асоцијација за Психотерапија) и ЕФТА-ТИЦ(Комората на тренинг институти при Европската Асоцијација за Семејна Терапија).

Како се реализира едукацијата?

Едукацијата се одвива во форма на 10 дводневни интерактивни работилници (20 дена годишно), во траење од 8 часа дневно.

На крај од годишните едукативни циклуси се одржува испитна работилница.

Дополнителна работилница од клиничка психологија и психијатрија се организира пред започнување на 3-татаедукативна година за едуканти кои во текот на образованието не стекнале знаења од клинички психологија и психијатрија, асе заинтересирани по завршување на втората година да ја продолжат едукацијата од семејна и системска психотерапија.

Што содржи едукацијата?  

Едукативниот процес содржи:

Теоретски излагања: разработка на теоретските теми во врска со семејната и системска теорија и пракса; одделните концепти, школи, стратегии, пристапи и правци во семејната и системска психотерапија, техники и интервенции, прикази од литература и дискусија.

Практична работа: прикази на одделни случаи, практични вежби, играње на улоги (roll play), симулирани семејства, вежбање терапевтски техники (feedback), размена на искуства и вештини стекнати во едукативниот процес, видео/ДВД презентации, индивидуална и групна супервизија во живо и на снимени материјали.

Работа на себе: се изведува низ индивидуална или групна работа со фокус на рефлексивност и саморефлексивност; работа на сопствениот генограм, сопствените ставови, верувања и трансгенерациски поради, практични вежби во групен контекст и др.

Супервизија: индивидуална и групна, интервизија и др.

ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА ОД СЕМЕЈНА И СИСТЕМСКА ПСИХОТЕРАПИЈА

Едукацијата од семејна и системска психотерапија подразбира запознавање, совладување и прифаќање на системскиот начин на мислење и негова примена во разбирањето и разрешувањето на проблемите на живеењето на поединецот, парот, семејството и други хумани системи во општеството.

Едукацијата од семејна и системска психотерапија цели кон:

  • Проширување на репертоарот на професионални знаења и вештини
  • Зголемување на личното и професионално искуство
  • Зголемување на професионалните способности и компетентност
  • Подобрување на личното и семејното функционирање
  • Стекнување на искуства за тимска и групна работа

Едукативната програма од семејна и системска психотерапија при Институтот АЛТЕРНАТИВА е во согласност со тренинг стандардите на Комората на тренинг институти при Европската асоцијација за семејна психотерапија (EFTA-TIC) и Европската асоцијација за психотерапија (EAP), и нуди можности за стекнување со национален и во иднина интернационален сертификат за психотерапија (ECP).

Процесот на стекнување нови знаења и вештини од областа на семејната и системска психотерапија се одвива во форма на четиригодишна едукативна програма, во тек на која едукантите усвојуваат теоретски знаења, учат, вежбаат и стекнуваат нови професионални вештини и техники, ги подобруваат личните искуства и работат под супервизија. Програмата е прилагодена на актуелниот контекст и се покажа ефикасна и полезна во однос на потребите и задачите на различните професионалци, како и на широкото поле на делување на релевантните невладини и владини организации и институции.

EAP и EFTA-TIC воспоставиле критериуми за психотерапија, кои се сметаат за соодветни за различните земји во Европа. Во однос на семејната и системска психотерапија, овие критериуми/стандарди треба да го задоволат следниот минимум:

Времетраење на едукацијата и неопходен број часови

Едукацијата трае четири (4) години и ги содржи следните компоненти:

  • Теоретско и практично учење,
  • Личен раст и развој на вештини,
  • Клинички тренинг/клиничко искуство низ лична и групна супервизија
  • Етички теми
  • Истражувања на полето на семејната и системска психотерапија

Вкупниот број на тренинг часови е 1500 распоредени како следи:

  • 500 часа теорија и/или методологија, вклучувајќи психопатологија;
  • 600 часа клиничко искуство со клиенти (индивидуи, парови, родители и/или семејства) под редовна супервизија
  • 250 часа лично психотерапевтско искуство, во индивидуален и/или групен сетинг
  • 150 часа супервизија на ефективна клиничка пракса

Динамика на едукативниот процес:

Едукативниот процес се реализира низ најчесто дводневни, викенд, работилници, еднаш месечно.

Секоја едукативна година содржи десет (10) работилници од по 16 тренинг часови (8 часа дневно).

На крајот од годишните едукативни циклуси се оддржува 11-та, испитна работилница.

Дополнителна едукација од клиничка психологија и психопатологија

Се организира пред третата едукативна година и е наменета за едукантите кои во текот на високото образование не стекнале знаења од клиничката психологија и психопатологија, а по завршена втора година се заинтересирани да ја продолжат едукацијата од семејна и системска психотерапија. По завршената едукација следи испит за проверка на знаењата.

Сертификат :

По завршување на секоја година од едукативната програмата и положен испит се издава сертификат. По завршување на втората едукативна година и положен испит, едукантите добиваат сертификат со кој се потврдува дека владеат со знаење и вештини на:

СЕМЕЕН И СИСТЕМСКИ СОВЕТНИК.

По завршување на четиригодишната едукативна програма; комплетирање на 1.500 часа според истата и успешен завршен испит, едукантите се стекнуваат со сертификат со кој се потврдува дека владеат со знаења и вештини на

СЕМЕЕН И СИСТЕМСКИ ПСИХОТЕРАПЕВТ.

ОРГАНИЗАТОР и ВОДИТЕЛ на едукативната програмата:

Прим Д-р СЛАВИЦА ГАЈДАЅИС-КНЕЖЕВИЌ

СЕНИОР ТРЕНЕРИ/ЕДУКАТОРИ:

  1. Прим Д-р Славица Гајдаѕис-Кнежевиќ, психијатар, семеен и системски психотерапевт, ECP
  2. Проф Д-р Марија Ралева, психијатар, семеен и системски психотерапевт
  3. Проф Диана Белевска, PhD, клинички психолог, семеен и системски психотерапевт
  4. Натка Пачоска, клинички психолог, гешталт и семеен и системски психотерапевт, ECP
  5. Станислав Петковски, PhD, клинички психолог, семеен и системски психотерапевт, тренер на трансакциона анализа

ПОКАНЕТИ ТРЕНЕРИ/ЕДУКАТОРИ:

Соработниците во тренингот се семејни и системски психотерапевти и/или психотерапевти со друга психотераписка ориентација, кои поседуваат национален и/или европски сертификат. Листата на поканети тренери е приложена како посебен документ.

СУПЕРВИЗИЈА

Индивидуален или групен супервизиски процес е важен дел од едукативниот процес и се одвива под водство на супервизори кои не се вклучени во тренингот на едукантите. Листата на супервизори е приложена како посебен документ.