Едукативна програма за психодијагностика

Оваа едукативна програма наменета е за дипломирани психолози, студенти на Психологија кои се во последната година од високото образование, психолози кои се вработени во јавни и приватни здравствени установи , психолози кои сакаат да работат психотерапија а кои немале или имале многу малку пракса од клиничка психологија и психодијагностика и сите заинтересирани дипломирани психолози, психолози специјализанти и специјалисти по медицинска психологија кои се заинтересирани за професионален раст и развој и усовршување на своето знаења од клиничката психологија и психодијагностиката.

Психодијагностиката е дел од клиничката психологија и е најстарата практична активност. Многу децении психодијагностика била главна и единствена задача на клиничката психологија. Психодијагностика како назив е психолошка дијагностика но сепак останува називот психодијагностика како општа ознака. Психодијагностиката служи да се подобри диференцијално дијагностичката ефикасност во психијатријата и клиничката психологија.

Програмата е во траење од 200 часа. Во текот на едукацијата едукантите ќе се обучат за примена на тестовниот материјална млади и возрасни клиенти и интерпретација на добиените резултати. Во текот на едукацијата едукантите ќе се стекнат сознаење и искуство за проценка на интелектуалните капацитети, психодијагностика за органицитет, проценка на карактеристиките на личноста, процена на евентуална психопатологија како и ке се стекнат со знаење и искуство за пишувањена Наод и мислење на психологот за одреден клиент.

Во текот на едукацијата секој едукант ќе биде задолжен со изработка на 7 клинички досиеа. Сите обработени клинички досиеа , од сите едуканти ќе бидат супервизирани и интервизирани на едукативните работилници. Самостојната изработка на клиничките досиеа , супервизијата и интервизијата на истите ќе овозможи наученото знаење практично да се примени и потврди.

Едукантите ќе добијат материјал за теоретскиот дел и материјал за квантитативна и квалитативна анализа и интерпретација на тестовните резултати.

После поминатата едукација секој едукант ќе добие сертификат издаден од Институтот за брак семејство и системска пракса, со поминати број на часови на едукација со кој се потврдува дека едукантите се стекнале со знаење и искуство за примена на следните психодијагностичките методи и техники : Дијагностичко интервју , ЊБ скала на интелигенција, ВИТИМ , Равенови прогресивни матрици , ЊБ-скала на памтење ,ТВП, Бендер гешталт тест, ММПИ, Лишеров колор тест, ПИЕ, ЖС, ТНР, Маховер, ХТП како и да пишуваат наод и мислење за одреден клиент врз основа на анализа и интерпретација на тестовните резултатати.

Водител на едукацијата е Натка Пачоска, специјалист по медицинска психологија од 1995 година. Од 1987 до август 2010 година била вработена во психијатриската болница „Скопје” – Скопје каде се стекнува со непроценливо практично искуство во психодијагностиката , советувањето и психотерапија на лица со ментални растројства и нивни семејства и лица со проблем зависност од дроги и нивни семејства. Од 01.09.2010 година е вработена во Институтот за брак семејство и системска пракса и ја води едукативната програмата за клиничка психологија и психодијагностика .

Програмата ги опфаќа следните теми:

  • ВОВЕДНА ЕДУКАЦИЈА
  • ДИЈАГНОСТИЧКО ИНТЕРВЈУ
  • ПСИХОДИЈАГНОСТИЧКА ПРОЦЕНА НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА
  • ЗА ПСИХОДИЈАГНОСТИКА НА ОРГАНИЦИТЕТОТ
  • ПСИХОДИЈАГНОСТИЧКА ПРОЦЕНА НА ЛИЧНОСТА
  • НАОД И МИСЛЕЊЕ НА ПСИХОЛОГОТ