Едукативна програма за Роршах проективна психодијагностичка метода

Едукацијата за примена на Роршах проективната техника и анализа на добиените протоколи се организира во рамки на200 часа поделени на два нивоа .

Во првото ниво кое се спроведува низ 100 часа се опфаќа : теоретски дел, практичен дел од задавање на тестот до квантитативна и квалитативна анализа , структурирање на заклучок од добиената анализа и интерпретација и инкорпорирање на заклучокот од интерпретацијата на Роршах преоктивната техника во психолошкиот наод за даден клиент. Во ова ниво ќе биде спроведена индивидуална практична работа за секој едукант преку изработка на свои клинички досие за одредени клиенти и заедничка анализа и супервизија на досие со сите едуканти . Едукантите добиваат материјал за теоретскиот дел и материјал за квантитативна анализа на протоколите .

Во текот на практичната работа обврска на секој едукант е: да го зададе тестот , да го искуси тестот на себе, да се анализираат сите тие протоколи , активно да учествува при анализата на сите протоколи зададени од едукаторот и да изработи сам едно клиничко досие кој ќе биде предмет на супервизиска анализа.

Второто ниво кое се спроведува низ 100 часа опфаќа : теоретски дел за одредени психопатолошки ентитети и специфика за Роршаховите протоколи за тие психопатолошки ентитети.. Едукантите добиваат материјал за теоретскиот дел и материјал за квантитативна анализа на протоколите . Второто ниво е супервизиско и токму поради тоа секој едукант треба да изработи пет клинички досиеа , со посебен акцент на анализа на Роршах протоколите кој ќе се предмет на супервизиска работа.

После поминатата едукација од секое ниво секој едукант ќе добие сертификат издаден од Институтот за брак семејство и системска пракса, со поминати број на часови на едукација и со кој се потврдува дека едукантите се оспособени за примена на Роршах проективната метода .

Водител на едукацијата е Натка Пачоска, специјалист по медицинска психологија, завршила едукација од 200 часа за теоретска и практична примена на Роршах проективната психодијагностичка метода кај Проф. д-р Стојан Чмелич во 1989 година , под покровителство на Сојузот на друштвото на психолози на СР Македонија а во ореганизација на Болница за нервни и душевни болести „ Бардовци” – Скопје (сегашна Психијатриска болница „Скопје”-Скопје).