Клиничко интервју

Клиничкото интервју е првата постапка во психолошката експлорација на личноста. Клиничкото интервју може да биде структурирано и да се води по однапред структуриран редослед на прашања или да биде неструктуриран, спонтан , насочен кон потребите на клиничарот за да добие доволно информации важни за текот на експлорацијата и за психодијагностичката импресија за клиентот.