Интелектуални способности

Испитувањето на интелектуалните капацитети на личноста е важен дел во психодијагностичката експлорација на личноста. Освен интелектуалните капацитети на личноста при експлорацијата на интелектуалните способности добиваме податоци и за практично знаење и расудување на клиентот, неговата ментална контрола, концентрација, ментална еластичност, начин на мисловно планирање, приоѓање кон секојдневни проблеми и начин на разрешување како и многу други значајни когнитивни карактеристики , особено многу значаен податок е дали постои било каков когнитивен дефицит предизвикан од одредена ментална состојба или органско оштетување како причинител.