Експлорација на личност

Во експлорацијата на личноста се добиваат тестовни показатели за психолошки каратеристики на личноста, колку е некој друштвен, отворен во комуникација, затворен, зависен од другите, добро интегриран, каква е неговата самодоверба, самодисциплина, афективитет, врзување за другите, колку е анксиозен, депримиран, опсесивен , неуротско или психотично декомпензиран и слично. При експлорацијата на личноста може да добиеме и тестовни индикатори за рано откривање на одредени психопатолошки состојби , за кој е значајно навремено отпочнување на третман. Честопати се добиваат тестовни индикатори кои се од значение во психотерапевски цели.