Психологија на позитивно мислење

Во последно време се повеќе се зборува за поврзаноста на начинот на мислење и успешност во функционирањето на личноста. Позитивните мисли се тие кои ја водат личноста во успех, разрешување на долгогодишни дилеми , проблеми, надминување на некои соматски потешкотии, психички проблеми , депресивни состојби, стравови или внатрешни конфликти. Позитивната мисла сама по себе нема да го даде тој резултат ако не постои и верба во тоа што го мислиме . Во човечката природа е да се размислува оптимистично . Така на пример повеќето луѓе за себе размислуваат позитивно, мислат дека ќе живеат долго, дека ќе бидат здрави цел живот дека се подобри , поиздржливи, поцврсти, поодговорни од просечните. Но иако повеќето ја имаме склоноста за позитивно размислување за себе за своето семејство, своите деца и слично сепак немаме сите подеднаква истрајност во позитивното мислење. Најголем број личности при првата препрека, неуспех, болест и слично, оптимистичкото размислување го заменуваат со песимистично.

Психологија на позитивното мислење е дел од циклус работилници за личен раст и развој.

Целта на оваа работилница е:

Да научите позитивно да размислувате, да бидете истрајни во позитивно размислување , да ги научите основните техники и принципи на позитивното мислење кое ќе ве водат до успешност, добро функционирање, добро здравје, внатрешна психичка рамнотежа , особено како да го постигнете она што го посакувате практикувајќи го позитивното мислење.