Терапија фокусирана на емоции (ЕФТ)

ЕФТ Работилницата претставува основно ниво на обука во ЕФТ која ги учи основните клинички вештини потребни за професионалците на ментално здравје да станат ефективни како специјалисти за терапија со парови и да бидат сертифицирани како EFT-психотерапевти.

Што е ЕФТ и како се разликува од другите пристапи?

Терапијата фокусирана на емоции (ЕФТ) е револуционерен, моќен, емпириски поддржан пристап во терапијата со парови, концептуализиран и објавен од Д-р. Сузан Џонсон и Д-р. Лесли Гринберг во осумдесеттите години на минатиот век и понатаму развиен е од Др. Џонсон.

ЕФТ е интегративен пристап кој ги следи процесите внатре во личноста (фокусот е на интрапсихичкото, на тоа како индивидуите го обработуваат своето искуство, особено клучните емоционални одговори насочени кон приврзаноста), и помеѓу личностите (ги интегрира информациите и ги организира интеракциите во обрасци и циклуси).

Стотина студии покажуваат дека позитивната поврзаност со другите не штити од стрес и ни помага подобро да се справиме со животните предизвици и трауми. Израелските истражувачи известуваат дека личностите кои се во сигурни врски, многу подобро се справуваат со опасностите, отколку оние кои се сами или во несигурни врски. „Сигурните” се помалку анксиозни и имаат помали телесни проблеми кога опасноста ќе помине.

Квалитетот на љубовната врска е исто така значаен фактор за менталното и емоционално здравје. Во нашите најбогати општества, депресијата и анксиозноста добиваат епидемски размери. Непријателските критики на саканата личност и конфликтите со неа, го јакнат сомневањето во самите себе и создаваат чувство на беспомошност, а тоа се типични активатори на депресија. Потребна ни е потврда од нашите сакани. Истражувачите кажуваат дека брачниот стрес десет пати го зголемува ризикот од депресија.

Вообичаените партнерски терапии не ја третираат вознемиреноста или потребата за сигурна приврзаност на паровите. Тие на паровите не им кажуваат како да останат поврзани или како повторно да се соединат. Техниките кои тие ги користат можат да го сопрат конфликтот, но со тоа го решаваат само симптомот, а не и суштината на проблемот. Овие терапии често пати наместо да ја намалат, ја зголемуваат дистанцата помеѓу партнерите, го зајакнуваат стравот од одбивање и напуштање во ситуации кога на луѓето им е потребно да воспостават цврсти врски.

Градењето на стабилна партнерска врска низ сигурно емоционално поврзување на партнерите е крајната цел на ЕФТ.

Во работата со парови за ЕФТ се важни три основни компоненти, кои паровите често ги нарекуваат емоционална присутност:

  • Достапност: Можам ли да допрам до тебе?
  • Респонсивност: Можам ли да се потпрам на тоа дека емоционално ќе ми одговориш?
  • Вклученост: Дали знам дека ќе ме цениш и ќе останеш во моја близина?

Наједноставниот начин ова да се запамети е преку кратенката Д.Р.В (достапност- респонсивност-вклученост) и фразата: “Дали си тука, дали си со мене?”

Ваквата работа на партнерските односи не само што им помага на луѓето да исчекорат од негативната шема, туку креира и очигледно ново чувство за љубовна поврзаност.

Клучните моменти на промена во ЕФТ се моментите на  сигурно  приврзување. Кога паровите еднаш ќе сфатат како да ги соопштат своите потреби и ќе се приближат, секое идно искушение, со кое ќе се соочат, ја прави нивната љубов посилна.

Основни корени на ЕФТ

ЕФТ ги интегрира и на нов начин ги соединува теоретските концепти на:

  1. Системската терапија на Минучин ,
  2. Хуманистичкиот пристап на Роџерс,
  3. Теоријата на афективно врзување на Болби и
  4. Експерименталната терапија на Перлс.

Цели на обуката

Оваа работилница е дизајнирана да ги запознае учесниците со процеси кои им помагаат на паровите да ги реструктуираат негативните интеракции и да создадат моќни, емотивно базирани настани за промена, кои поттикнуваат посигурна врска меѓу партнерите и ги учат како ригидните обрасци на интеракција, да ги променат со емоционални одговори.

Во тек на обуката учесниците ќе се стекнат со основно разбирање за:

  • Целите на ЕФТ,
  • Поврзаноста на теоријата на приврзаност (Attachment) и ЕФТ,
  • Основната проценка во ЕФТ,
  • Трите фази и деветте чекори во ЕФТ,
  • Основните интервенции во ЕФТ,
  • Ангажирањето на повлекувачите и омекнувањето на прогонувачите,
  • Создавање на настани на поврзување за реструктуирање на партнерските интеракции.

Тренинг

Водител на обуката е интернационален, светки познат обучувач и тренер КИРИАКИ ПОЛИХРОНИ, M.A., C.G.P., E.C.P., соработник на основоположникот Сузан Џонсон, брачен и семеен психотерапевт, супервизор на ЕФТ и тренер од Атина, Република Грција, поранешен претседател на Европската асоцијација за семејна терапија (ЕФТА). повеќе…

Работилницата се состои од 28 часа обука, вклучува презентации, видеа со примери, искуствено практикување на вештини, набљудување на сесии на терапија во живо и дискусија на специфични причини, клинички материјал и проблеми.

Кој може да присуствува?

ЕДУКАЦИЈАТА е наменета за ДИПЛОМИРАНИ психолози, доктори на медицина, психијатри и медицински сестри со високо образование, a кои работат во психијатриските оддели, психотерапевти и советници кои работат со парови, социјални работници, педагози, теолози, како и за АПСОЛВЕНТИ од споменатите факултети.

Што ќе научите?

Ќе ја видите брачната болка и потешкотија од перспектива на емоционалната приврзаност (attachment), ќе научите како да им помогнете на партнерите да ги процесираат емоционалните реакции кои ја одржуваат брачната вознемиреност, ќе научите нов облик на важна интеракција и поврзување и надминување на терапевтската безизлезност.

ПРЕПОРАКА: учесниците силно се охрабруваат да ја прочитаат книгата за EFT издадена во 2004 година, со наслов: „Праксата на партнерската терапија фокусирана на емоции – Создавање врски“ (The Practice of Emotionally Focused Couple Therapy – Creating Connections) од Sue Johnson пред да дојдат на обуката.

Место на одржување

Обуката ќе биде организирана на професионалнa ЗООМ платформа. Секој регистриран учесник со регулирана уплата ќе добие врска со лозинка непосредно пред настанот.

НА КОЈ ЈАЗИК ЌЕ СЕ СПРОВЕДУВА ОБУКАТА?
Англиски со превод на Македонски јазик.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОБУКАТА?
Обуката ќе се одржи во два последователни викенда, на 13/14 и 20/21 февруари 2021, од 09:00 – 17:00 ч., со вклучени паузи за ручек.

Котизација

Индивидуална цена на четири дневната работилница изнесува:
• 180 евра / 11.130 денари за рана регистрација со уплата до 15.01.2021
• 200 евра / 12.360 денари за регистрација со уплата до 01.02.2021
• 220 евра / 13596 денари за регистрација со уплата до 12.02.2021 – затворање на регистрацијатаГрупна регистрација за група од 5 учесника и повеќе – следи попуст од 10%
• 810 евра (162 евра од учесник) / 50.060 денари за рана регистрација со уплата до 15.01.2021
• 900 евра (180 евра од учесник) / 55.620 денари за регистрација со уплата до 01.02.2021
• 1000 евра (200 евра од учесник) / 61.800 денари за регистрација со уплата до 12.02.2021 – затворање на регистрацијата
По повод Празникот на вљубените, цената за паровите е намалена за 10 евра / 620 денари по учесник, во секоја од категориите.

ПОДАТОЦИ ЗА УПЛАТА:
Назив и седиште на примачот: Институт Алтернатива
Банка на примачот: Комерцијална банка
Жиро с-ка: 300000002948448
Износ ….
Цел на дознака: ЕФТ едукација (индивидуа / пар / група) П

ПОДАТОЦИ ЗА УПЛАТИ ОД СТРАНСТВО:
Institut za brak, semejstvo i sistemska praksa- Alternativa – EDU
Komercijalna banka AD Skopje (Adress: Orce Nikolov 3, 1000 Skopje, North Macedonia)
Bank account: 0270100374908
IBAN: MK07300701003749017
SWIFT.KOBSMK2X
Note: For EFT edu

КОЈ Е НАЧИНОТ НА ПРИЈАВУВАЊЕ?
чекор 1: пријавете се на следниот линк https://forms.gle/WVCpft7qASDqQ1eN7

чекор 2: уплата на жиро сметка
чекор 3: потврда од пријавата и регулирана уплата да се испратат на institut_brak_family@yahoo.com
По завршување на сите 3 чекори ќе се смета регистрацијата за уредно завршена по што ќе добиете поврате потврден емаил и ZOOM линк непосредно пред настанот.

Програма на обуката

Ден 1
• Подрачје на партнерската терапија: местото на EFT
• Културна транзиција: партнерската релација во контекст
• Теорија на врски: Теорија на приврзаност и емоции кај возрасните
• Основи на EFT моделот: Системски & Искуствено

Ден 2
• Преглед на процесот на промена – Фази и чекори на ЕФТ
• RISSSC & EFT танго: Обедунување на емоциите
• Фаза 1: Проценка и алијанса; Негативен циклус и преврамување
• EFT задачи и интервенции
• Презентација на случај: Сесија во живо, видео снимка на сесија или играње на улоги во случај – Дискусија

Ден 3
• Фаза 2: Преструктуирање и случаи на промена
• Презентација на случај: Сесија во живо, видео снимка на сесија или играње на улоги во случај – Дискусија

Ден 4
• Фаза 3: Консолидација
• Повреди на приврзаност и процес на прошка
• EFT и секс
• Како се станува EFT терапевт

Најмалку една четвртина до една половина од последните три дена ќе се состои во гледање и вежбање на ЕФТ со употреба на вежби, играње на улоги и преглед на видео сесии.
Најмалку една терапевтска сесија (во живо или снимена) ќе биде одржана/обработена.

ШТО МОЖЕ ДА ОЧЕКУВА И ШТО ДОБИВА СЕКОЈ УЧЕСНИК?
Практично знаење и вештини за работа со парови, кое вклучува учење како да им се помогне на партнерите да ги репроцесираат емоциите кои ги оддржуваат брачните тензии, болка, незадоволство, напнатост и безизлезност.
Учесниците ќе добијат СЕРТИФИКАТ за завршенa основнa обука од ЕФТ (EFT externship)

Книги и дополнителна литература

1) Johnson, S., Bradley, B., Furrow, J., Lee, A., Palmer, G.,Tilley, D., & Woolley, S. R., (2005). Becoming an EFT therapist: The workbook. New York: Brunner-Routledge.

2) Johnson, S. M (2004). The practice of emotionally focused couple therapy: Creating connections. New York: Brunner-Routledge.

3) Johnson, S.M. and V. Whiffen (2003). Attachment Processes in Couples and Families. New York: GuilfordPress.

4) Johnson, S.M. (2002). Emotionally Focused Couple Therapy with Trauma Survivors: Strengthening Attachment Bonds. Guilford Press.

5) Johnson, S.M., & Greenberg, L.S. (1994). The heart of the matter: Perspectives on emotion in marital therapy. New York: Brunner Mazel

Запознајте ги

основачот на ЕФТ Д-р. Сузан Џонсон

и тренерот на обуката Кириаки Полихрони: