Психотерапијата има за цел ПРОМЕНА на постоечките состојби на клиентот, преку :
•Повторно воспоставување на некои порано постоечки (а сега нефункционални) нивоа на функционирање и учење на нови функционални релациски обрасци
•Поттикнување на личен раст и развиток на личноста.
•Постигнување на повисок степен на функционалност на личен, професионален, партнерски, семеен и социјален план
•Постигнување на увид во себе
•Развивање на зрело и одговорно однесување
•Развивање на адекватна интерперсонална комуникација
•Намалување на емоционалната напнатост по пат на олеснување на изразување на силни чувства, учење на препознавање, адекватно изразување и контрола и на емоциите, а преку разговор и доживување
•Намалување на посебно болните чувства
•Промена на навиките и неадаптибилното однесување
•Елеминирање на симптомот.