Што се лекува со психотерапија?

Психотерапијата е терапија на избор или практичка терапија, заедно со други видови терапија (на пр. фармакотерапија т.е. терапија со лекови) при појава на следните тешкотии или растројства (р-р):

  • Состојби на страв и анксиозност
  • Фобични р-р: агорафобија, мизофобија, висинофобија, социјална фобија и други фобични растројства
  • Опсесивни (присилни) мисли, ритуали и делувања (компулсивни р-р)
  • Хипохондриски р-р
  • Психосоматски р-р
  • Реакција на тагување и депресија
  • Биполарни р-р
  • Со стрес поврзани р-р
  • ПТСР – пост траума стресно р-р
  • Р-р на прилагодување
  • Р-р во исхраната
  • Р-р во сонот
  • Психотични р-р
  • Разни форми на р-р во личноста
  • Сексуални дисфункционалности

Психотерапијата исто така се применува при:

  • подготовка на пациенти за операција или друг вид хируршка интервенција;
  • подготовка и во тек на долготрајни терапии кај хронично болните лица,
  • подготовка на бремени жени за породување
  • подготовка при постапка на вештачко оплодување
  • подготовка на партнери за посвојување и др.

Психотерапијата е терапија на апсолутен избор при:

  • Криза и конфликти во партнерските и /или брачни односи,
  • Подготовка на партнери за брак
  • Подготовка за родителство и учење на родителски вештини
  • Работа со партнери пред, во тек и постразводно, со особен акцент на функционално родителство
  • Проблеми во учењето
  • Проблеми на професионално поле или потреба за поголем професионален успех,
  • Семејни потешкотии, кризи и проблеми
  • Други проблеми во интерперсоналните релации