Индивидуална психотерапија

Индивидуалната психотерапија е психотерапевтски процес базиран на однос на еден психотерапевт и еден клиент. Во индивидуалната психотерапија терапевтот користи методи, техники и интервенции согласно психотерапевтската школа која ја има завршено. Целта на индивидуалната психотерапија е да му се помогне на клиентот да го надмине проблемот поради кој се јавил на психотерапија. При индивидуалната психотерапија процесот може да биде воден користејќи техники на психоедукација, советување, освестување на конфликтите, постигнување на увид, стекнување на сознание за сопствените механизми за справување, учење на нови вештини на комуницирање, преговарање и договарање, препознавање и контрола на емоциите, учење на нови обрасци на однесување и слично, со единствена цел постигнување на промена.

Термините за сеанси се договараат со клиентот, еднаш неделно или на две недели. Една психотерапевтска сеанса временски трае 60-90 мин.

Во Институтот се работи :

– индивидуална гешталт психотерапија

– индивидуална системска психотерапија.