Семејна психотерапија

Семејната психотерапија е организирана форма на стручна помош и научно докажана ефикасна психотерапевтска метода во разрешување на бројни индивидуални и семејни кризи и проблеми.

Семејната психотерапија се одвива со присуство на целиот семеен систем или одделни негови делови (субсистеми), како што е родителскиот и детскиот субсистем. Составот на присутните семејни членови зависи од видот на проблемот и мотивираноста на семејните членови за учество во психотерапијата.

Благодарение на специфичните техники и интервенции, семејната психотерапија може да се организира и како индивидуална системска психотерапија кога се истражува семејната динамика и се креираат интервенции за целиот семеен систем иако е присутен само еден член на семејниот систем.